Doctor24

Правила за употреба

Се надеваме дека со задоволство ќе го користите Doctor24.mk. Овој документ содржи важни информации што треба да ги земете во предвид пред да донесете важна одлука.

Следните термини и услови претставуваат договор помеѓу Вас и Doktor24.mk. Овие Правила за употреба ("Правила за употреба"), заедно со нашата Политика за заштита на приватни податоци го регулираат користењето на услугите, и како нерегистриран корисник и како регистриран корисник.

Со користењето или на друг начин со пристапот до услугите, и/или со регистрирање кај нас, Вие се согласувате со условите на овој договор, вклучувајќи ги информациите обелоденети во Политика за заштита на приватни податоци. Доколку не се согласувате со овој Договор, Вие не може да ги користите услугите. Ако се регистрирате или ги користите услугите во име на поединец или правно лице, освен себеси, треба да го прифатите овој договор и во име на поединецот.

Делови од услугите се видливи без да се регистрирате кај нас, но за активно да ги користите услугите треба да бидете регистрирани.

Правила за употреба за пациент
Секој корисник кој има потреба од услугите на Doctor24.mk може да одбере термин кај Доктор по специјалност, по град или по име. По одбирањето на термин за преглед се одбира причината за посета на Докторот и доколку не сте регистриран корисник, потребно е да се регистрирате.

За пациент
Со Doctor24.mk може да одберете Доктор и да закажете термин за преглед веднаш и бесплатно. При секое закажување на термин за преглед плаќате 100,00 денари со вклучен ДДВ кои ќе Ви бидат одбиени од цената на услугата кај Докторот.

Правила за употреба за Докторот
Doctor24.mk Ви овозможува промоција со цел да донесете повеќе пациенти во Вашата канцеларија. Бидете тука за Вашите пациенти 24/7. Без разлика дали е 02:00 по полноќ и Вашата канцеларија не работи или е 14:00 попладне и Вашите телефони се зафатени, на пациентите им овозможувате можност да закажат веднаш свој термин за преглед во било кој дел од денот.
Doctor24.mk Ви нуди можност да го поставите Вашето работно време, слободните термини за преглед, Вашата кратка биографија, ценовник на Вашите услуги/третмани (пакети или попусти) кои ги нудите. На тој начин пациентот на полесен и едноставен начин ќе може да ги одбере Вашите услуги.