Doctor24

Политика за Заштита на лични податоци

HTML with PHP
Оваа политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во www.doctor24.mk и начинот на кој собраните лични информации се користат. Со самиот пристап и регистрација како Корисник на веб страната на www.doctor24.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика за заштита на лични податоци.

Прибирање на лични податоци
Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија. Ние вршиме собирање на личните податоци само доколку се регистрирате како Корисник на нашата веб страна и ги прибираме само оние информации кои ни се доставени од Ваша страна.

Информации кои ги собираме
Во информациите кои ги собираме спаѓаат: Име и Презиме, Е-маил адреса и телефон за контакт. Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку системот за наплата од кредитни картички CaSys. Системот користи најнова технологија за заштита на личните податоци и притоа овозможува испраќање на бројот на вашата картичка директно до банката преку сигурна конекција.

Користење на личните податоци
Ние ги користиме Вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија. Ние ќе ги користиме Вашите лични податоци единствено за да Ви овозможиме пристап до www.doctor24.mk, за да се исполни и процесира Вашата корисничка услуга. Ние нема да ги објавиме, продаваме или правиме достапни на трета страна Вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.

Чување на личните податоци
Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

Сигурност на вашиот профил
Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на Вашиот профил. Вашето корисничко име и лозинка се единствени и не треба да ги откривате на трети лица. При креирање на Вашата лозинка Ви препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци. Доколку Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба Ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.

Малолетни лица
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со лични податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.

Сигурност
Ние ги превземаме сите потребни мерки за заштита на Вашите лични податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб страната на www.doctor24.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила. За сите прашања во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на www.doctor24.mk преку оставениот контакт или преку телефонската линија за подршка 071-650-222 или на маил-от: info@doctor24.mk.